Месец ноември го започнавме со натпросечно високи температури на воздухот. Според најновите излези на нумеричките модели месецов во поголем дел треба да биде натпросечно топол. Но, во текот на следниот период врнежите ќе бидат почести.
Циклонот ЗЛАТКА повторно ќе услови нови врнежи од дожд кои ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ во западните предели. Локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Ќе дува ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено и локално ќе засилува на интензитет и ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Максималните дневни температури на воздухот поради јужното и југозападното воздушно струење и понатаму ќе бидат ДОСТА ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени. Во петок се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд. Во сабота на повеќе места ќе имаме претежно суво време, иако локално ќе има услови за слаб дожд . Веќе во текот на ноќта сабота кон недела и во недела ќе навлезе уште еден нов бран на врнежи.
Подготви: Славчо Попоски