Цигарите поскапуваат за три денари

by Фокус

Од први јули цигарите ќе поскапат за три денари. Ова се должи на примената на календарот за зголемување на акцизите. Поскапувањето единствено може да се одбегне доколку производителите на цигари одлучат да ја компензираат разликата во цената, односно зголемувањето на акцизите да падне на нивни грб.

Според календарот за зголемување на акцизите, поскапувањето на цигарите ќе продолжи и во наредните седум години.  До 2016 година цигарите ќе поскапуваат по три денари годишно, а секоја следна година за околу 4 денари. Тоа значи дека ако една кутија цигари сега чини 60 денари, за седум години ќе чини околу 90 денари.

Поврзани новости