НОВА ТВ: Нема избори во април ако до 10 јуни не се договори преодна влада

by Фокус

Според високи дипломатски извори во Европската комисија во Брисел ако до 10 јуни не се договори преодна влада договорот за избори во април отпаѓа, пишува НОВА ТВ.

Дипломатските извори на НОВА велат дека на денешната средба е договорена само рамка на преговори, а во таа рамка стои и обврска за влада којашто треба да ги подготви изборите. За деталите околу таа влада, како и за сите останати услови за рамноправен политички натпревар договорено е да се разговара во Брисел на 10 јуни. Доколку во Брисел не се постигне договор за тоа каква преодна влада која ќе ја подготви земјата за избори, во април 2016 нема да има избори.

Поврзани новости