ЦИА: 15.000 Руси ги загубија животите во украинската војна

by Fokus

САД проценуваат дека руските загуби во Украина достигнале околу 15.000 загинати и можеби 45.000 ранети, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс, додавајќи дека и Украина исто така претрпела значителни загуби.

Речиси пет месеци откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на соседот на Русија, нејзините сили макотрпно го освојуваат регионот Донбас во источна Украина и заземаа околу една петтина од земјата.

Барнс, говорејќи на форумот за безбедност во Аспен во Колорадо, рече дека тие придобивки имаат висока цена.

„Последните проценки на американската разузнавачка заедница би биле нешто во близина на 15.000 (руски сили) убиени и можеби трипати повеќе повредени. Значи, прилично значителни загуби“, рече Барнс.

„И Украинците исто така претрпеа – веројатно малку помалку од тоа. Но, знаете, значителни загуби, додаде Барнс.

Русија ја класифицира смртта на членовите на нејзините вооружени сили како државна тајна дури и во мирнодопски услови и често не ги ажурираше официјалните податоци за жртвите за време на војната. На 25 март беше објавено дека загинале 1.351 руски војник.

Владата во Киев во јуни соопшти дека дневно се убиваат од 100 до 200 украински војници.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера рече дека воените „цели“ на Москва во Украина сега се протегаат надвор од Донбас, што е најјасно признание досега дека таа ги проширила своите воени цели.

Лавров, исто така, рече дека целите на Москва дополнително ќе се прошират доколку Западот продолжи да го снабдува Киев со оружје со голем дострел, како што се артилериски ракетни системи за висока мобилност (ХИМАРС) од САД.

„Ова значи дека географските задачи ќе се протегаат уште подалеку од сегашната линија“, рече тој.

Но, Барнс рече дека концентрацијата на силите на руската војска во Донбас, барем засега, сугерира дека тие научиле тешки лекции од неуспехот на почетокот на кампањата, „каде што Москва заглави во нападот врз Киев“.

„Во извесна смисла, она што го направи руската војска е повлекување на ‘полесен’ начин на војна, во извесна смисла, користејќи ги своите предности и огнената моќ на долг дострел за да се спротивстави и ефикасно да ги уништи украинските цели и да ги компензира слабостите на работна сила што тие сè уште ги имаат, рече Барнс.

Поврзани новости