Арсовска ќе формира Агенција за обезбедување за потребите на Град Скопје

by Fokus

Град Скопје ќе формира своја Агенција за обезбедување. По предлог на градоначалничката Данела Арсовска, на следната седница на Советот на Град Скопје која ќе се одржи на 25 јули, треба да се изгласа одлуката за формирање на Друштво со ограничена одговорност на едно лице (ДООЕЛ) за обезбедување на објекти под надлежност на Град Скопје.

Агенцијата, како што се вели во образложението, се формира за сопствени потреби односно за обезбедување на имотот на Град Скопје со основачки влог од 5.000 евра.

„Фокус“ пред повеќе од еден месец објави дека актуелната градоначалничка со доаѓањето на функцијата пов торно ја врати СГС за да ги обезбедува училиштата кои се под надлежност на Град Скопје.

Според нашите информации од една од најпрофитабилните компании во бизнисот со обезбедување, таа во последните три години има загуба од 2,4 милиони евра.

Како и на кој начин во моментот функционира компанијата, чиј сопственик сѐ уште не се знае, а во „бомбите“ се појавуваше името на екс шефот на тајната полиција Мијалков.

Според податоците на БЈН, договорот со СГС е склучен на 17 ноември 2021 година, во вредност од 168.000 евра, што е дури за 60.000 денари  пониска цена во однос на претходните тендери што ги добиваше компанијата.

Во склучениот договор се наведува дека фирмата е должна да обезбедува 23 средни училишта, и тоа во период од осум месеци. Обезбедувањето на објектите на училиштата ќе се одвива од 7 до 20 часот, секој работен ден.

Ирена Мулачка

Поврзани новости