ЦГК: МВР склучило 11 договори без објавување оглас во вредност од 1,6 милиони евра

by Fokus

Склучување договори без претходно објавен оглас за набавка, намален број на понуди, ниска конкуренција, голем број поништени тендери се уште се дел од јавните набавки во земјава, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

Според податоците, Министерството за внатрешни работи склучило 11 договори преку постапката со преговарање без објавување оглас, во вкупна вредност од 96.885.148 денари (1,6 милиони евра).

Во извештајот се констатира дека одлуките што се донесуваат при спроведувањето на јавните набавки не се соодветно и прецизно образложени што фрла сомнеж врз објективноста и законитоста на постапувањата. Ова главно се однесува на одлуките за отфрлање на доставените понуди и за поништување на тендерите.

Во значаен дел од постапките не се утврдуваат количините на она што се набавува, со што, се оневозможува фирмите да понудат пониски цени за поголеми количини на набавка. Ова овозможува манипулација и злоупотреби во фазата на реализацијата на договорите.

Во извештајот се констатира дека одлуките што се донесуваат при спроведувањето на јавните набавки не се соодветно и прецизно образложени што фрла сомнеж врз објективноста и законитоста на постапувањата. Ова главно се однесува на одлуките за отфрлање на доставените понуди и за поништување на тендерите.

Најниската цена била користена како критериум за избор на најповолна понуда во дури 95 % од тендерите спроведени во првото полугодие од 2023 година. Од друга страна, во дел од тендерите, каде што за бодување на понудите се користел квалитетот, воочено е дека не се користат соодветни елементи за евалуација.

Поврзани новости