,,Молика” заминува на австралиска турнеја со Сузана Гавазова!

by Fokus

Популарната битолска фолк група ,,Молика” ја најави својата австралиска турнеја која ќе започне на 12-ти април. Објавени се детали за концертите во Сиднеј, а со групата ќе настапува Сузана Гавазова, Мишел Трајковски и Мајкл Карадаковски.

Ова нема да бидат први заеднички настапи на ,,Молика” и Гавазова. Откако вокалистката на групата, Анета Љумоковска се разведе со фронтменот Џими Мицевски, Сузана во неколку наврати настапуваше со ,,Молика”.
Заедно настапија во локал во Скопје, како и во Германија пред наши иселеници.

По разводот на Џими и Анета, таа продолжи со соло кариера, но од групата известија дека заедно ќе ги одржеле претходно договорените настапи, а потоа секој продолжувал по својот пат.

Претходно договорени настапи со Анета се одржаа пред неколку дена во Виена и Брисел.

Околу тоа дали Гавазова станува дел од групата и доаѓа на местото на Анета, или пак се работи за повремена соработка, се уште се немаат огласено од групата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости