Цеца од Прилеп: Кога децата не се бесни и куќата не е тесна!

by fokus

Пред да го започне вчерашниот концерт во Прилеп, кој беше дел од програмата на Пивофест, Балканската турбо фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ имаше кратка средба со медиумите.

Новинарите се интересираа како се чувствува во Прилеп, каде летувала, дали снима нови материјали, на што Ражнатовиќ љубезно одговараше.

На новинарско прашање како се чувствува како свекрва, со оглед на тоа што нејзиниот син Вељко неодамна се ожени, таа одговори со српската народна поговорка – Каде децата не се бесни и куќата не е тесна.

Порача дека многу ја сака македонската публика, која била доста темпераментна.

Ова е второ гостување на популарната пејачка на 17-та по ред манифестација Пивофест. Таа беше главна музичка ѕвезда на Пивофест и пред девет години, на осмото издание на фестивалот. Тогашниот градоначалник Марјан Ристески по завршувањето на манифестацијата изјави дека е презадоволен, бидејќи тоа било најпосетеното издание на фестот и како Цеца ги исполнила очекувањата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости