Цеца доаѓа во Кавадарци

by fokus

Балканската турбо фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ ќе биде главната музичка атракција за време на манифестацијата ,,Тиквешки гроздобер 2018’’ во Кавадарци.

Гроздоберот ќе започне на седми септември, а ќе заврши на деветти ( недела) со голем концерт на Цеца.

Покрај неа, настапи ќе имаат и ,,SAF Sound system’’ (DJ Гоце &Пикисипи) и DJ George, и Слаткар и Криско, на првиот ден од настанот, на седми. На осми пак, посетителите ќе ги забуваат фолклорниот ансамбл ,,Тиквеш’’, ,,Љубојна’’, ,,Некст тајм’’, Џамбо и оркестарот ,,Агушеви’’, и DJ SANDY RIVERA и DJ Mossel. На деветти ќе настапат ,,Happy end’’ бенд, а по нив во 22 часот ќе започне концертот на Цеца.

Покрај музичката програма, предвидени се и многу други настани, како дегустација на вино, трка на келнери, уметнички работилници, карневалско дефиле, таблијада, изложба на олдтајмери и друго.

Вики Клинчарова

Поврзани новости