Од Централниот регистар денеска соопштија дека пријавата за упис на основање на Здружение Културен Центар Иван Михајлов Битола, до Централен регистар е доставена од страна на лицето Љупчо Ѓоргиевски на 13 март 2019 година.
Заедно во прилог биле доставени и докази согласно член 42 од Законот за здруженија и фондации, вклучително и Изјава заверена на нотар за немање законски наследници до трет наследен ред за лицето Иван Михајлов, како и Известување од Министерство за правда од 05 март 2019 година, дека не е во можност да издаде одобрение од причина што во Министерството не се води регистар на историски личности.
-По комплетирање на целокупната документација, од страна на Централен регистар на ден 15 март 2019 година е донесено Решение за упис на основање на Здружението Културен Центар Иван Михајлов Битола, велат од Централниот регистар.
Централниот регистар сметал дека во запишаните цели и програма на делување нема елементи кои се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, не се преземаaт активности поврзани со тероризам, активности кои се спротивни на Уставот или закон, ниту се повредуваат слободите и правата на други лица, за што е одлучено на начин што е донесено Решение за упис.
Централниот регистар потенцира дека од денот на основањето на здружението 15.03.2019 година, до ден денес не е поднесена жалба против решението за упис на основање.
Централен регистар нема сознание за покрената иницијатива пред Уставен суд за оценка на уставноста на основачките акти на Здружението.