Централен регистар ланската добивка ја уплатил на ПУИК, Владата бара преиспитување на одлуката

by fokus

Добивката од минатата, 2016 година, Централниот регистар ја уплатил на сметката на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, некогашно ПУИК, со што била нанесена штета на редовното работење на Регистарот, велат од Владата.

Од таму денеска упатија препорака до новото новото раководство на Централниот регистар да ја преиспита правната основа за одлуката на Управниот одбор. Акционерското друштво, инаку, неодмна ја почна изградбата на нов објект во тревникот пред Македонската опера и балет. Во градбата, со барокна фасада и моделирани скулптури, ќе се смести администрацијата на друштвото акционери кое беше задолжено за повеќе објекти од проектот „Скопје 2014“.

Дополнително, информираат од Владата, на денешната седница бил разгледан и Ревизорскиот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи на Централниот регистар на Репуболика Македонија и годишна сметка за 2016 година. Централниот регистар е задолжен да достави Информација за одржливоста на финансиското работење за периодот од 1 септември 2017 година до 30 јуни 2018 година.

Поврзани новости