Се стопираат владините реклами

by fokus

Владата денеска ја усвои мерката од Планот 3-6-9 која се однесува на стопирање со владините реклами на комерцијалните телевизии, печатени медиуми, билборди и интернет портали. Од ова се исклучени социјалните мрежи. Со одлуката на Владата потребните информации во форма на реклами ќе бидат пренесувани до граѓаните преку јавниот сервис.

„Согласно оваа мерка Владата на РМ донесе заклучок според кој се задолжуваат сите органи на државната управа, им се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа и им се препорачува на единиците на локалната самоуправа да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали, со исклучок на социјалните медиуми, согласно усвоената мерка од Планот 3-6-9“, велат од Владата.

Поврзани новости