Најскапи цена на горивота, било да е бензин или дизел, во регионот се во Албанија. Најдобри цени има во Македонија, а Србија е на средина.
Во регионот најевтин еуро премиум БМБ 95 бензин има во Македонија и Бугарија, каде што чини 1.295, односно 1.304 евра за литар. Следува Босна и Херцеговина каде чини 1.369 евра, потоа Словенија со 1.414, Хрватска со 1.500 и Србија со 1.518 евра.
Бензинот е поскап од Србија за 1.545 евра за литар во Унгарија, Црна Гора (1.580 евра), а поскап е во Австрија 1.603 евра и Албанија 1.627 евра.
Цената на дизел горивото е најповолна во Македонија, каде литар чини 1.117 евра. Потоа следат Бугарија со 1.304 евра и Босна и Херцеговина со 1.331.
Зад нив се Црна Гора 1.410 и Словенија 1.439 евра за литар. Од евро и пол нагоре, дизелот чини 1.500 во Хрватска, 1.507 во Унгарија, 1.577 во Србија, 1.568 во Австрија и 1.596 во Грција.Повторно најскапа земја е Албанија каде литар дизел чини 1.627 евра