Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,97% во однос на одлуката од 6.10.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,504%, кај дизелот за 6,376%, кај екстра лесното масло има намалување за 6,742% и кај мазутот намалувањето е за 2,465%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,024%
Од 10.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,087 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,886 ден/кг и сега ќе изнесува 45,087 ден/кг.