Целосно угаснат пожарот во Крушево, граѓаните среќни што го спасија манастирот на Тоше

by fokus 13:28
13:28

Речиси една седмица траеше борбата на противпожарните екипи и локалното население со пожарот кој сериозно се закануваше на манастирот „Св. Преображени“ во Крушево.

Огнените јазици опустошија над 150 хектари шума, а критично беше во вторникот кога пожарот стигна речиси до самиот манастир, а локалното население заедно со војската и јавните претпријатија го спасија манастирот, кој беше едно од омилените места на поп-иконата Тоше Проески.

Од општина Крушево порачаа дека ќе преземат конкретни чекори да се подигне свеста кај луѓето, затоа што според нив, човечки фактор е причина за пожарот.

„Најпрво преку локалниот совет за превенција ќе работиме заеднички за да не се повторуваат вакви пожари во иднина затоа што се претпоставува дека се работи за човечки фактор. Ова е приоритет, а дополнително ќе пристапиме кон подигање на свеста за зачувување на животната средина, паралелно со активностите за јавната хигиена и соработка со “Липа” за возобновување на шумата. ТППЕ Крушево беше еден од службите кои во изминатите две година ја опремувавме за денес да може да се справи со вакви несакани појави и ќе продолжиме д работиме на ова поле во иднина“, велат од општина Крушево.

Ј.Ц.

Поврзани новости