376
На скопската обиколница, во близина на излезот за населбата Ѓорче Петров, вчера попладне се самозапалил автобус „Неоплан“ со скопски регистерски таблици сопственост на правно лице од Скопје, а управуван од Ј.К. (38) од Скопје.
Како што соопштија од полицијата, пожарот започнал во пределот на моторот и бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
Автобусот бил целосно опожарен, но за среќа во него немало патници.