Комуналците ги претркаа актерите, но и покрај тоа собраа десетина ќеси ѓубре од Клинички центар

by fokus

Десетина културни работници кои денеска се организираа да го зачистат Клинички центар, беа претркани од екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кои го исчистија просторот меѓу клиниките пред нив. И покрај тоа, актери, драмски уметници од МОБ и совесни граѓани ја направија најавената генералка.

-Направивме обиколка, генерално беше чисто, ама сепак собравме околу 10 ќеси ѓубре – вели Сања Арсовска од Драмскиот театар.

Како што рече таа сезоната во театрите завршила, имаат слободно време и затоа одлучиле да го искористат корисно и да бидат општествено одговорни.

–Одлучивме да почнеме една летна акција во која секоја недела на различни критични места ќе се појавуваме и ќе го собираме ѓубрето. Целта на оваа иницијатива е да ја потикнеме совеста кај несовесните граѓани и нивната одговорност кон животната средина – рече Арсовска.

Фото: Социјални мрежи

Поврзани новости