499
Демонстрантите вечерва го бојадисаа со црвена боја речиси целиот плочник на плоштад Македонија, кадешто беше убиен Мартин Нешкоски, а потоа власта се обиде да го скрие убиството.
Дел од демонстрантите оставаа траги од дланките со црвена боја врз плочникот. Со огромни црвени букви испишаа „Убијци“, „Правда за Мартин, слобода за сите“. Останатите присутни аплаудираа и извикуваа „Сите сме Мартин“.