735
Алармот во Прилеп е вклучен поради рапидното зголемување на бројот на заразени од опасниот корона вирус и од почетокот на овој месец се заразиле вкупно 194 лица.
Од ЦЈЗ Прилеп не информираат дека застапени се лица од сите возрасти и вирусот во овој град е широко распространет.
„Во градот има широка трансмисија на Ковид-19. Во најголем дел од случаите, инфицираните не знаат од каде ја добиле заразата. Сепак, огромен дел се во кругот на потесното семејство, каде и логично дека не се носи заштитна маска и контактите се на помало растојание, поради семејните ручеци и слични семејни дружби“, велат од ЦЈЗ Прилеп.
Во градот под Марковите кули од почетокот на оваа зараза се инфицирале 1571 лица додека пак активни се 648 граѓани.
Јорданчо Цветаноски