Претседателот на ДИК, Дерковски, еден од осомничените за набавка на софтверот што се користеше за изборите

by fokus 11:17
11:17

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, Адмир Ш., Ирена К., Авни А. и Игор В. се осомничните во последната истрага на Обвинителството, а поврзана со јавни набавки во ДИК, неофицијално дознава „Фокус“.

Како што предмалку информираа од обвинителството, истрагата е отворена за набавката на софтверот што се користеше за изборите.

- Advertisements -

-Во временскиот период од февруари до септември годинава, во Државната Изборна Комисија, осомничените како членови на Комисијата за јавни набавки и осомничениот управител и сопственик на правното лице, со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка ги повредиле одредбите од Законот за јавни набавки со тоа што не утврдиле дека економскиот оператор не ги исполнува условите за учество во постапката, не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди во постапката за јавна набавка, ниту било објавено Известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка во предвидениот законски рок. Исто така, не било извршено тестирање и финален тест на софтверот пред истиот да биде имплементиран и не бил извршен увид во спроведената постапка со преговарање, иако биле должни да го направат истото пред да биде потпишан Договорот, како и да утврдат дека Извештајот од спроведена постапка бил изготвен спротивно на Правилникот за начинот на пополнување на образецот на Извештајот од спроведената постапка.

Воедно, изготвувањето на техничката спецификација за јавната набавка била направена во консултации со учесник во постапката, спротивно од Законот за јавни набавки, со што за две правни лица била прибавена корист – право да учествуваат во постапката за јавна набавка и да склучат договор за истата. Со извршените дејствија е овозможено правните лица да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 899.999,00 денари, како и износ од 349.500,00 денари, информираа од Обвинителството.

 

 

Поврзани новости