Сите членови на тетовскиот фудбалски клуб „Ренова“ по препорака на Државниот санитарен инспекторат ќе мора да одат во четиринаесетдневна изолација, соопшти фудбалскиот клуб.
Ваквиот чекор доаѓа откако неколку членови на клубот вклучувајќи го и спортскиот директор Фисник Нухиу добија позитивни резултати од официјалното тестирање за ковид-19.
-Сакаме да ве информираме дека вестите што ги прочитавте денес се вистинити, за жал во нашиот клуб имамечетири позитнивни случаи на ковид-19. Целиот тим на ФК Ренова откажа каква било активност се додека немаме препораки од надлежните органи. Сега со нас како клуб и како семејство не ни е грижа дали ќе се игра овој шампионат или не, туку се грижиме само за здравјето на нашите членови и нивните семејства. Се надеваме дека некои други почнаа да разбираат колку е сериозна оваа состојба. Здравје пред сè. Заедно ќе ги надминеме сите предизвици, соопшти клубот пред неколку дена.
Покрај „Ренова“, заразени со корона вирусот има и во „Шкендија“. Во редовите на тетовци станува збор за две заразени лица.