Цела година ќе гледаме предизборни кампањи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?

by fokus

Најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ деновивте се ребрендираа и излегоа со нови слогани. СДСМ ќе не носи на прав пат со слоганот „На прав пат“, а ВМРО-ДПМНЕ после преродбата, сега ќе ја обновува Македонија со слоганот „Обнова на Македонија“.

И двете партии го користат истиот принцип на посети и средби со граѓаните низ градовите и помалите места низ Македонија. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време се во „предизборна кампања“, а од денеска тоа го почнува и СДСМ.

Денеска почнува караванот на отворени граѓански трибини под мотото ,,На прав пат”, што е дел од новиот концепт на работа на СДСМ. Првата трибина ќе се одржи денеска во Штип во домот на културата „Ацо Шопов”. На трибината ќе учествуваат претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска и претседателот на комисијата за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Ако се земе предвид дека редовните парламентарни избори треба да се одржат  во декември 2020, ова значи дека ќе гледаме предизборна кампања повеќе од една година. Доколку владејачката партија се „смилува“ и ги закаже изборите за октомври 2020 година, тогаш ќе бидеме во кампања „само“ една година. Според досегашните изјави, премиерот Заев не планира да бидат распишани предвремени избори пред октомври 2020.

Катерина Смилева

Поврзани новости