Анализата на Центарот за економски анализи (ЦЕА) покажува дека минусот во државниот буџет ќе се зголеми за дополнителни 130 милиони евра и ќе достигне 430 милиони евра, што е 4,9% од БДП, доколку Владата продолжи да го троши дефицитот со исто темпо како во првите два месеци годинава.
Од ЦЕА предупредуваат дека новите мерки кои ги најави Владата, како повисоки плати во МВР, социјална помош, таблети за студентите и стипендии и 100% обештетување од штетите од временските непогоди, ќе ги зголемат буџетските расходи и ќе предизвикаат намалување на економскиот раст.
-Одлуки кои доколку не се стават под мраз, ќе го загрозат економскиот раст. Идните задолжувања мора да се под строга контрола на меѓународните финансиски институции – стои во анализата на ЦЕА.