Димитров во „Њујорк тајмс“: ЕУ да ја повика Владата да поднесе оставка

by Фокус

-Европската унија мора јасно да каже дека Македонија веќе не е функционална демократија, да ја повика Владата да поднесе оставка и да поддржи формирање на привремена влада. Европската унија треба да помогне да се реформираат државните институции и да се спроведе независна истрага за обвинувањата на Заев и да помогне да се подготват слободни и фер избори, пишува Никола Димитров во својата колумна во престижниот „Њујорк тајмс“.

Тој смета дека ако ВМРО-ДПМНЕ не соработува со Европската унија, таа треба да се закани дека ќе го замрзне пристапниот процес на Македонија. Додава дека ЕУ мора да зеземе поцврст став за политичката криза во Македонија.

Димитров во својата колумна пишува дека откако ќе се реши политичката криза, нејзиниот пат кон ЕУ членството мора да се ослободи од проблемот со Грција.

-Ова е значајно за кредибилитетот на проширувањето на Унијата исто како што е за иднината на Македонија. Кризата со која се соочува мојата земја го претставува неуспехот на многу поздравуваната политиката за проширување на Европа. Ако преговорите за пристапување почнаа пред неколку години, реформските сили во Македонија денеска ќе беа многу посилни и најверојатно тековните проблеми ќе можеа да се избегнат. Во 2006 година кога Груевски стана премиер, Македонија беше функционална, мултиетничка демократија со потенцијална иднина во Европската унија и во НАТО, пишува поранешниот амбасадор, а сега дел од неформалното движење за промени во ВМРО-ДПМНЕ, Никола Димитров.

Поврзани новости