Се кршеа прозорци на банки, банкомати, се палеа канти за ѓубре на големите протести во Франција

by Fokus

Во Париз вчера неколку илјади граѓани излегоа на протести против новата пензиска реформа. Француската влада објави планови за зголемување на старосната граница за заминување во пензија на 64 години до 2030 година.

Десетици младински орханизации повикаа на протести против зголемувањето на старосната граница за пензија. Организаторите најавија околу 150 илјади учесници, а според податоците на полицијата и медиумите, на улиците излегле 12 до 14 илјади луѓе. Порано оваа недела, покрај протестите, во земјата почнаа и штрајкови од големи размери, пишува Дојче Веле.

Демонстранитите во текот на протестот палеа канти за ѓубре, кршеа семафори и фрлаа петарди на главните улици во Париз. Некои демонстранти пред поворките кршеа прозорци на банки и банкомати. Како што соопшти полицискиот штаб, во текот на демонстрациите во Париз уапсени се повеќе од 20 луѓе.

Поврзани новости