Царовска: Заев покажа ширина со поднесувањето оставка

by Fokus

Министерката за образование и наука, Мила Царовска вели дека премиерот Зоран Заев покажал ширина со одлуката да поднесе оставка од таа функција.

„Некои одлуки во дадени моменти навистина покажуваа ширина и тоа е таа одлука да кажеме дека тој го кажа својот став и тоа е негов став и тој треба да се почитува како таков. Навистина е значајно што понатаму ќе се случува да во Собранието се обезбеди соодветното мнозинство за да оној западно европски курс на државата се задржи, демократските процеси во државата се задржат и секако развојот кој интензивно ни се случува во последните 5 години да се задржи и економскиот развој и општествениот развој“ – вели Царовска

Поврзани новости