661
На сите ни е јасно дека немаме алтернатива освен да вложуваме во квалитетно образование и квалитетна едукација на младите, да вложуваме во млад човечки потенцијал кој ќе биде предводник на државата во иднина, вели министерката за образование, Мила Царовска.
„Тоа ми дава верба дека одиме во добар правец и дека за 5-6 години ќе можеме да се гордееме со плодовите од нашата работа, а тоа ќе бидат создадените нови генерации, подготвени да одговорат на предизвиците на новото време. Лично сметам дека во моментов во нашето општество како никогаш досега се зборува за промени во образованието и постои сплотеност помеѓу сите општествени чинители и заложба за истите да се случат, да бидат час поскоро реализирани”, рече Царовска