Царовска: Целта е кадарот којшто ќе заврши средно образование да биде полесно вработлив

by Fokus

Во рамки на кампањата на Министерството за образование и наука „Учи паметно, работи стручно“, дебата помеѓу компаниите и средните стручни училишта денеска се одржа во Крива Паланка и Кратово. Целта е да се отворат  барани профили во стручните училишта во консултација со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи.

Министерката Мила Царовска истакна дека на овие средби со градоначалниците и средните училишта разговараат кои профили треба да се отворат во стручните училишта во учебната 2021/2022 година и дека целта на овие активности е да се усогласат профилите потребни на локално ниво и такви и да се отворат за да може понатаму, како што рече, реалниот сектор да се опслужува со кадарот што му е неопходен и за развој, но и за одржување не економијата на локално и на регионално ниво.

– Сметам дека овие средби течат одлично и имаме остварување одлични резултати и по остварување на средбите помеѓу училиштата и компаниите и се надевам ќе ја оствариме целта наредната учебна година да понудиме соодветни програми кои се потребни за компаниите, но и компаниите да ги отворат своите врати за учениците. Некаде ќе отвориме дуални паралелки, а некаде феријалната пракса ќе се одвива непречено и интензивно, се со цел кадарот којшто ќе заврши средно образование да биде полесно вработлив, изјави Царовска.

Поврзани новости