Царовска: Сите изјави од СДСМ се промислени

by fokus

Потпретседателката на СДСМ и вицепремиерка Мила Царовска во интервју за „360 Степени“ ја коментираше изјавата на генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски кој најави можно формирање на ново мнозинство во Собранието доколку се одолговлекуваат важните закони и одлуки во пресрет на најавеното распуштање на парламентот.

-Сите изјави коишто доаѓаат од СДСМ се промислени изјави и сметам дека она коешто го гледаме денеска е тоа дека сите стануваме свесни колку е важно овие закони да поминат низ Собранието. И во таа насока и се движиме. Јас очекувам дека навистина пратениците и Собранието ќе ја завршат својата обврска и дека во недела ќе се распушти Собранието и ќе одиме на избори на 12 април, рече Царовска.

Запрашана за минимумот кој го очекува СДСМ за да гласа за распуштање на парламентот, Царовска кажа дека се потребни донесувањето на Законот за Јавно обвинителство, Изборниот законик и разрешувањето на министерката Мизрахи од Владата, како и дека очекува сето ова да се случи пред распуштањето.

Поврзани новости