Министерката Мила Царовска, на денешната прес конференција истакна дека се разговаара и за можноста дали евентуално и под кои услови би можел да профункционира дневниот престој, со почнувањето на учебната година.
Министерката појасни дека за таа цел се дискутира со Министерството за труд и социјална политика и со Комисијата за заразни болести, прецизирајќи дека станува збор за евентуално отворање на дневните престои за децата од пониските одделенија.
-Се прават дискусии и со Комисијата за заразни болести и со Министерството за труд и социјална политика, заради можноста децата да добијат одредена заштита по завршување на часовите, рече Царовска, додавајќи дека во моментов нема конкретна одлука и дека штом ќе има конечна информација јавноста ќе биде известена.