Царовска: Пратениците на ВМРО земаат дневници, но не гласаат за повисоки плати на текстилците и наставниците

by Фокус

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ земаат дневници во собранието, ама не гласаат за покачувањето на минималната и законот за раст на платите, рече потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, на синоќешната партиска трибина во Охрид.

-Го слушаме денеска Мицкоски, без никаков срам и перде, вели дека покачувањето на платите во образованието од нови 10 отсто, односно покачувањето за вкупно 20 отсто, биле трошки кои оваа власт предводена од СДСМ го реализира. Неговата влада, на ВМРО-ДПМНЕ, за 7 години во образованието за само 850 денари обезбедила покачување на платите, а ние од СДСМ за 2,5 години сме ги качиле платите за 2.150 денари – посочи Царовска.

Таа оцени дека опозицијата не може да биде конструктивна ниту кога, како што вели, интересите на граѓаните и покачувањето на платите се во фокусот.

Поврзани новости