Долгот на Општина Охрид се намалил од 26 на 6 милиони евра

by Фокус

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, синоќа во Охрид истакна дека долгот на општина Охрид од 1,6 милијарди денари е намален на 380 милиони денари, што значи дека долгот се намалил за 20 милиони евра и сега изнесува 6 милиони евра.

-Поддршката што Охрид ја добива е огромна, го цениме тоа и повторно охриѓани ќе докажат дека сме на прав пат и на 12 април ќе завериме уште една победа во Охрид – порача тој.

Инаку, Охрид долги години важи за најзадолжена општина, чии долгови се трупаат години наназад.

Поврзани новости