На жените жртви на семејно насилство им се гарантира приход од 4.500 денари додека се сместени во шелтер центрите доколку не се активни, но од сиромаштија не се излегува со гарантиран приход, туку со вработување, порача вечерва министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Таа во емисијата „Топ тема на ваша страна“ истакна дека центрите во шестте месеци кога жената е сместена во шелтер центарот треба да најдат начин како таа да стане финасиски независна.
-Не е битно дали тоа ќе биде со дообразување, преквалификација, нешто друго или со поддршка од смејството, рече Царовска.
Нагласи дека граѓанските организации и државата не се на различна страна во справувањето со насилството и додаде дека некои од граѓанските организации за борба против насилство се финасирани од државата или од локалната самоуправа.
Во моментов во Македонија во четири засолништа се згрижени 30 лица жртви на семејно насилство.