Царовска: Новиот концепт го поставува ученикот во центарот

by Fokus

Обука наменета за 44-те обучувачи од националниот тим за обука кои ќе треба да ги подготват наставниците да ги применуваат новите наставни програми за прво и четврто одделение, од 1 септември следната учебна година кога треба да почне спроведувањето на новиот концепт за основно образование, денеска и утре се одржува во Скопје.

-Наставниците кои треба да бидат обучувачи на наставниот кадар во прво и во четврто одделение се веќе со расчистени дилеми за голем дел од работите на кој начин да се спроведуваат и што е она што треба да биде придобивка од оваа концепција. Следува периодот во кој тие самите ќе треба да изготват тренинзи и да ги спроведат во мај, како и од 15 јуни до 15 јули, а третиот модул на обука ќе биде последен и ќе биде баш пред стартот на учебната година, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска пред почетокот на обуката.

Поврзани новости