Почетокот на наредната учебна година ќе зависи од епидемиолошката состојба, Царовска верува во вистинско решение

by Fokus

И во наредната учебна година министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека ќе се оди со безбеден пристап, а кој и каков ќе биде не зависи само од МОН, туку и од епидемиолошката слика, од ставот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство.

Одговорајќи на новинарско прашање потенцира дека е сигурна оти ќе најдат сигурно решение.

-Одлуката за новата учебна година ќе зависи од епидемиолошката состојба, се останато е шпекулација и е спротивно на интересите на граѓаните и учениците. Сите се пред време информирани, пред време обучувани, пред време поставени сите елементи. И оваа година ќе знаат на време кога и како ќе се почне учебната година. тоа не зависи само од Министерството за образование и наука, туку и од епидемиолошката слика, од ставот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и јас сум сигурна ќе најдеме најдобро можно решение затоа што гледате дека оваа година бевме една од ретките земји која што немашев воопшто застанување на образовниот процес надвор од календар. Како ветивме дека ќе почнеме, така и ја завршуваме учебната година, рече таа.

Поврзани новости