Царинската служба заплени цигари, козметика, облека: Откриени три царински измами

by fokus

Минатата седмица, царинските службеници открија три царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока.

Притоа, привремено се задржани рачни часовници, очила за сонце, ремени, паричници, алати, делови за автомобили, козметика, приврзоци, бижутерија, гранитни плочки, облека, патенти, ќеси и цигари.

Царината ја задржа следната стока:

Рачни часовници, очила за сонце, парчиња облека, алати и делови за автомобили,  41 камен за брусење стакло, 12 штеки цигари, козметички средства, бижутерија, гранитни плочки.

Од Царинската управа посочуваат дека во три случаи имало обид за измама и ибегнување на плаќање на увозни давачки.

Поврзани новости