Отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид како да им даде храброст на владините функционери барем вербално да се спротивстават на провокациите од бугарска страна. Ги обедини ли уште еднаш Цар Борис Македонците, како во 1941 година кога се обединија во борбата против фашистичкиот окупатор?
На седми октомври, само четири дена пред Денот на народното востание против фашизмот, во Охрид се отвори, како што основачите го нарекуваат, бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“.
Клубот кој го носи името на докажаниот соработник на Хитлер во Втората светска војна и царот кој ја окупирал Македонија и ги депортирал македонските Евреи.
Ова беше повод, за прв пат, македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неколку министри да соберат храброст и, ако не повеќе, вербално да го осудат отворањето на ваквите клубови.
Ако за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ немаше директна осуда од македонската Влада, сега Ковачевски, Оливер Спасовски и Бујар Османи името на новиот клуб го нарекоа провокација.
Во меѓувреме, пристигнува уште едно шокантно барање од бугарската фондација „Македонија“ која е активна низ цела Македонија и која логистички им помага на ваквите здруженија да се регистрираат.
Имено, тие порачаа дека Македонија нема да стане членка се додека го слави 11-ти Октомври како официјален празник.
И мешовитата историска комисија ќе стигне до овој период и ќе покаже дека 11 Октомври е криминално дело на 20 лица, чија жртва беше внукот на Дамјан Груев – Петар Дамев! Срамота и гнасотија е 80 години да се лаже цело општество, дека криминалното дејствие на 20 луѓе е „манифестација“ на „македонската волја за слобода… Срам на кој наскоро ќе биде ставен крај!“, најавуваат од фондацијата чиј претседател Виктор Стојанов во Бугарија го сметаат за борец за правата на Бугарите.
К.С.Б.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК