На заедничката конференција на албанските политички претставници од регионот на тема „Улогата на Албанија во промовирање на националните интереси на Албанците во Западен Балкан“, што се одржа денесka во Тирана, посебен акцент беше ставен на унфицирањето на надворешната политика меѓу Република Косово и Република Албанија.
Албанскиот министер за Европа и надворешна политика Гент Цакај,кој е Косовец, во обраќањето нагласил дека целосната координација и поврзаност на целите во надворешната политика на Албанија е неопходна за Албанците и исто така е многу корисна за самиот регион.
-Повеќе од заедничката комисија, се разбира, има потреба од целосно унифицирање на надворешната политика преку меѓусебно поврзување на двете министерства. Договорот потпишан во мај е важна почетна точка што мора да се исполни со дополнителни мерки и да се спроведе со целосна ефикасност,смета Цакај.
Шефот на албанската дипломатија дополнително посочи дека положбата на Албанците во Србија останува загрижувачки.
-Тие денес се недоволно застапени во централните и локалните институции а загрижува и практиката на бришење на Албанците од граѓанските регистри, практика што сериозно ја загрозува нивната национална субстанца, рекол Цакај.
На крајот од своето обраќање, Цакај посочил дека Албанците како обединето тело и политичките партии, добро координирани, не се само гаранција за напредок како нација, туку и можност за развиен и евроатлантски Балкан.