Трудо и Меркел во Македонија за поддршка на референдумот?

by fokus

Расте бројот на најави од политичари од ЕУ, но и надвор од неа, кои од крајот на август, а особено во септември се очекува да ја посетат Македонија, пишува „Дојче веле“.

-Очекуваме поддршка за двата клучни процеса кои ни следуваат. Од една страна тоа се реформите, подготовката на скринигот со ЕУ и почеток на преговорите во јуни 2019 година, од друга страна тоа е референдумот. Во мисијата на исполнување на овие две крупни задачи Македонија ќе ја посетат политичари и дипломати од највисок ранг од институциите на ЕУ, НАТО и клучните држави членки на овие организации – вели Бојан Маричиќ, посебен советник на премиерот и главен технички преговарач со ЕУ.

Според „Дојче веле“ тој не сака да спомнува конкретни имиња, но од дипломатски извори дознаваме дека ќе има „вистинска врвулица од гости“. Според непотврдени информации, покрај (нај)високи функционери од ЕУ и НАТО, се очекува во земјата да допатува и германската канцеларка Ангела Меркел, како и премиерите на Шпанија и Канада.

Поврзани новости