433
Трудницата од Крива Паланка, која синоќа почина на пат од Куманово за Скопје, примила анестезија во кумановската болница каде што била донесена за породување, од која воопшто не се разбудила, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
По сите напори за анимирање, лекарите одлучиле да ја пренесат на скопските клиники, но токму таму, во 20 часот, била констатирана нејзината смртт.
Јавен обвинител наредил обдукција и се работи на утврдување на причините за смртта на трудницата.