Софија Теодор: Во власта има хомофоби – луѓе без дефинирана сексуална ориентација

by Фокус 10:38
10:38

Реакциите во Македонија по повод случувањата во геј-клубот во Орландо, каде беа убиени 50, а ранети 58 лица, само уште еднаш покажало дека во нашата земја живеат голем број на хомофоби, а голем дел од нив се и дел во власта, вели режисерката Софија Теодор, која што никогаш не ја криела својата наклоност кон понежниот пол и отсекогаш отворено зборува во јавност за својата сексуална ориентација.

-Големи се проблемите на припадниците на ЛГБТ заедницата во земја како нашата. Треба да се сменат многу работи, за нештата да почнат да одат на подобро. Би започнала, на пример, со тоа што кај нас геј паровите немат право да се венчаат, но барем затоа би требало да ги имаат барем други права. Доколку сте во долгогодишна врска со вашата парнерка или партнер и доколку истата или истиот доживее собраќајка, во случај да е во шок соба, треба да пишува во законот дека право на посета немаат само сестра, брат, мајка, татко, сопружник, сопруга, бидејки овде нема геј бракови, не се дозволени, треба да си се додаде во законот дека геј партнери имаат право да постетат свој партнер. Доколку се во заедништво, живеат заедно 10, 20 и повеќе години, ако еден од партнерите не работи, а друг го издржува, да има права по смртта на едниот како кај стрејт браковите 80 отсто да ја наследи пензијата неговиот партнер/ка. Доколку се во заедница партнерите и по смртта на едниот парнерт другиот да има право на имот, па да не испадне на 70 години да дојдат вујковци, стрини, браќа, сестри на другиот и да остане на улица на старост, а вложувал со години во тој дом. Законски да е заштитен и да има право на наследство, односно тоа заедничко живеење да се смета исто како кај стрејт браковите така и кај геј врските (кои се врски зашто немаат право тука да основаат граѓански брак). Во уставот да се внесе и сексуална орентација, мора да постои уставна заштита за овие лица кои придонесуваат во оваа држава и плаќаат данок исто како и другите. Зашто никој не сака да е во „оние другите“ така заведен, за се си има име и презиме па така и луѓето од ЛБГТ не се „другите“ – вели Теодор.

teodor 2

Таа смета дека кога ќе се реши едукацијата кај младите во образованието за прашањето на ЛГБТ, ќе се издигне менталниот склоп на овој народ на повисоко ниво и политичарите тогаш нема да имаат проблем со донесување на овие закони кои се важни за животот на лугето кои придонесуваат исто како и другите граѓани за развитокот на оваа држава, иако не уживаат исти права со останатите.

-Хомофобијата е причина за многу незгоди овде и во светот. За таквата состојба во светот виновен е менталитеот на луѓето и нивната неедуцираност. Оваа едукација треба да почне да се спроведува во училиштата за да се намали насилството со кое секојдневно се соочуваат лугето од ЛГБТ. Различната сексуална орентација не е болест, тоа го кажа и официјално светската здраствена организација. Постојат три вида сексуална орентација со која лугето се раѓаат, геј, би и стрејт, и не станува збор за никаква болест. ЛГБТ луѓето не се зарзни, бидејќи да бидеш геј е стил на живеење за некој, за друг љубопиство, а за трет вроден ген. Уште во периодот на пубертетот кога се појавуваат првите знаци за сексуалноста секоја индивидуа си знае каде припаѓа и не може некој затоа што е различен од другите да биде малтретиран или дискриминиран. Дискриминацијата ќе престане ако почне едукацијата на младите уште во периодот на нивниот пубертет, едуциран човек е богат човек, исто како и информиран човек. Војните и насилствата ги прават неедуцирани поединци или перфидни профитери кои ја искористуваат наивноста на поединецот, зашто ако имаме едуцирана младина нема да имаме манипулација помеѓу луѓето. Јас лично никогаш во ниеден сегмент од мојот живот не сум се почуствувала дискриминирана, но за развој на едно општество потребно е издигање на колективна свест, за да кажеме дека живееме во свет без предрасуди. Едуцираноста мора да оди на светско ниво, проблемот со ЛГБТ е насекаде, не е само кај нас, додека овде е проблем менталитетот на народот, како и ниското ниво на свест – од комуникација со други луѓе кои се дел од ЛГБТ и страшните приказни со кои тие секојдневно се соочуваат. Прво, во своето семејство од неприфаќање, па потоа фамилијарно, па и колективно пошироко на нивните работни места како и во околината. Затоа се појавуваат тие маскирања, само за да се заштитат, се мажат и женат колку да се покријат, а притоа имаат паралелни врски со луѓе од нивниот пол. Не можете да ги осудувате, затоа што тоа го прават за да се заштитат себе си, но од друга страна многу е непреведно кон самите нив, бидејки двојните животи кои многумина ги живеат не им се баш лесни. Значи, кога младите би се едуцирале во периодот на пубертетот не би се криеле после во пердиодот на нивната зрелост, затоа што би се прифатиле самите себе си, бидејки многу луѓе од ЛГБТ имаат проблеми и со сопствената сексуална орентација, самите неможе да се прифатат онакви какви што се, а очекуваат други да ги прифатат. Многумина од нив не се кријат поради родителите или пријателите, туку од самите себе, па се лажат себе си дека не се геј или би и таквите латентни геј луѓе кои си се покриваат со бракови, а немањето храброст не им дозвлува да си признаат самите себе си што чуствуваат и да се реализираат на љубовно поле туку мора да глумат стрејт и пред самие себе влегувајќи во бракови со туѓ од спротивниот пол за кои впрочем не чуствуваат ништо. Оваа проблематика ќе се реши ако самите си признаат што се и почнат да живеат како што чуствуваат, а не како околината треба да ги гледа, исто како и доколку младината се едуцира не би имале проблеми ни латентните ни прикриените, бидејки хомофобијата почнува од нив, од нереализираните кои се исфрустрирани и плукаат секојдневно по лугето од ЛГБТ поради нивната недефинирана сексуална орентација или бегаат од истите на кои потајно припаѓаат. Бидејки човек со реализирана сексуална орентација не бега од лугето од ЛГБТ затоа што е сигурен во својата сексуалност, бегаат само оние кои чуствуваат, а не сакаат поради страв да се реализираат – објаснува Тедодор, која зад себе има неколку краткометражни филмови и театарски представи.

Поврзани новости