Во реакцијата на Министерството за труд и социјала (МТЦП) на прес конференцијата на СДСМ сто дека носителите на јавни функции ќе мора да платат 35 отсто од хонорарите кои ги заработуваат. Но таквата игра со зборови не значи дека државните функционери ќе плаќаат за надоместоците кои ќе ги земаат како членови на управни одбори, државни комисии, или како советници, туку едноставно само ако имаат хонорар врз основа на авторски договор или договор на дело.
За нивните дополнителни државни позиции тие земаат надомест за вршење функција, а не според некаков авторски договор, што значи дека тие и натаму остануваат заштиени од законските измени.
„Сите избрани и именувани лица односно носители на јавни функции којшто ќе остварат дополнителен приход, по основ на авторски договор или договор за дело исто така подлежат на задолжително плаќање на социјални придонеси за сумата којашто ја оствариле, што значи дека и избраните лица, односно функционерите се опфатени со мерката воведување во задолжително социјално осигурување на приходите стекнати по основ на авторски договор и договор за дело“- стои во соопштението од Министерството за труд и социјала.
Но, никаде во реакцијата не се споменуваат надоместоците за вршење функција, што е клучно и носителите на јавни функции да платат 35 отсто од примањата.
Од министерството упатија критика до СДСМ дека ја користи приликата да собере политички поени.
„Со законските измени спречуваме да одредени работници да работат а да не им се плаќаат придонеси и да не можат да остварат никакви права. Ја отстрануваме можноста да одредени бизнис интереси и работодавачи кои се грижат само за сопствениот профит на таа сметка да манипулираат со работниците. Со овие измени ќе се спречи манипулативната појава така што на дел од платата на работниците да им се плаќаат придонеси, а на останатиот дел да им се исплаќа хонорар преку авторски договор или договор за дело“.- стои во реакцијата на МТСП.