Финансии: САД не дозволува да потпишеме договор за обостран увид во сметките

by Фокус

Министерството за финансии реагираше на прес конференцијата на СДСМ и тврди дека Македонија има покренато иницијатива за потпишување договор за увид во сметктие на Македонците во САД и Американците во Македонија.

„Прв допис до Американската страна со кој Владата на Република Македонија искажува подготвеност за потпишување на договор за размена на информации на база на реципроцитет е доставен преку МНР на 11 јули 2014, втор ваков допис има испратено и Министерството за финансии на 21.11.2014. Досега од страна на САД ни е дадена можност да се потпише договор само тие да имаат увид во сметките на американските граѓани во Македонија, што не е пракса со останатите држави во регионот со кои договорите се реципрочни.

Владата на Република Македонија е подготвена да го потпише веднаш договорот со САД, но да имаме ист третман со останатите држави, односно соработката да биде обострана.

Прес-конференциите на Тихомир Илиевски укажуваат дека нема основни познавања во врска со ова прашање, а евидентно е дека прави штета во односите со САД“.- стои во реакцијата.

Поврзани новости