Заедно со студентите на факултетите се и нивните професори, кои вчера најавија дека ќе им се приклучат на окупацијата на Универзитетскиот кампус бидејќи не било исполнето даденото ветување на премиерот Никола Груевски дека на првата собраниска седница ќе се одложи воведувањето на државниот испит и спорните законски измени во високото образование.
Дел од професорите велат дека ако треба, заедно со студентите ќе ја минат ноќта на универзитетите.
– Од денеска почна нова иднина во државата благодарение на македонските студенти и јас сум горда што сум професорка. Тие не водеа и научија како треба да се однесуваме во овој момент. Респект за студентите. Ако треба ќе спиеме со студентите, ќе им носиме јадење, затоа што уневерзитетот е наш, наш дом, наша куќа, изјави Трпкова. Студентите од Пленумот велат дека не веруваат во ветувањата дека ќе се укине спорниот Закон за високо образование и се додека не видат како работат работните групи во однос на законот нема да се повлечат од универзитетите. Студентите ги повикаа сите да им се приклучат и да се окупираат сите универзитети во државата – истакна професорката Синоличка Трпкова.