460
Никола Груевски да одлучи да решава работни статуси на граѓани кои ги залажувала неговата власт, дури откако пукна скандалот со прислушувањето и се слушна разговорот меѓу министрите за финансии и за внатрешни работи, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска.
– Откако целата јавност лично од овие блиски луѓе до Груевски дозна дека течеле само вработувања од нивниот шеф и поплаки дека не се реализирале ургенции од министри, бомбата од прислушувањето експресно обезбеди вработувања на лица со кои се манипулирало со години. Шокантната вест дека Груевски и Мијалков прислушувале 20.000 луѓе, засега експресно реши вработувања на 1.000 граѓани. Скандалот со прислушувањето барем го прекина поигрувањето на власта со нив – рече Љупчо Николовски од СДСМ.