Трошоците за живот зголемени за 1,2 проценти во месец мај

by fokus 14:36
14:36

Трошоците за живот во изминатиот месец, споредбено со оние од минатата година, се зголемиле за 1,2 проценти. Во мај, споредено со април годинава, има минимално зголемување на трошоците, односно 0,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во мај во споредба со април има кај свежото овошје и зеленчук за 13,2 проценти, цигарите за 1,2 проценти, месото за 1,1 процент, другите прехранбени производи за 0,6 проценти.

- Advertisements -

Во мај, исто така, зголемување на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 8,7 проценти, болничките услуги за 1,2 проценти, патниот сообраќај за 0,9 проценти.

Покрај зголемување на трошоците, во некои сектори се забележува и пад на истите. Имено, намалувањето на трошоците на животот во мај во однос на април е евидентирано кај јајцата за 1,1 процент, млекото за 0,8 проценти, маслото и маснотиите за 0,3 проценти, како и кај гасот за домаќинствата за 4,9 проценти, течните горива како дел од опремата за сопствени сообраќајни  средства за 1,1 процент.

Поврзани новости