Професорите на Стоматолошки бојкотираат поради изборот на в.д директор

by Fokus

Членовите на наставно-научниот совет на Стоматолошкиот факултет преку академски проглас најавија бојкот во работата на органите и телата на Факултетот, како што велат поради незаконски назначената в.д. деканка, Мирјана Поповска.

Тие бараат да се почитува волјата на академската заедница и за декан да биде назначен Ќиро Ивановски, кој со мнозинство гласови бил утврден во декември минатата година.

Ивановски истакна дека се сретнал со ректорот и дека му навел причини кои не се статутот на универзитетот. Но, тој не кажа јавно кои се причините поради кои не е избран.

„Го повикувам ректорот уште еднаш да ја преиспита својата одлука затоа што причините што ми ги наведе не е во рамките ниту на статутот.Цврсто сме одлучни да го почитуваме Законот за високо обрзование и да ја браниме автономијата на нашиот Универзитет – рече професорот Ивановски.

Поврзани новости