Тролејбуси ќе го „растераат“ загадениот воздух од Кавадарци?

by fokus

Тролејбусите се можно решение  против загадувањето на Кавадарци, вели за МИА Димитрија Ангелков, професор во екектро машинското училиште “Киро Спанџов-Брко“.

-Засегнат со години од загадувањето во Македонија, како електро-инженер нудам решение на јавниот градски превоз, да се трансформираат сегашните стари автобуси во електро-автобуси со помош на жичари,  не со акумулатори. Како функционира ова сум го видел лично во Каунас, Литванија,  каде сите стари градски автобуси се трансформирани во електробуси и не постои автобус кој користи нафта како погонско гориво. Ова се решенија што никој не може да ги спречи, освен ние самите, дел од инает, дел од потсмев и незнаење, вели професорот.

Нагласува дека тролејбусот како решение е со пет пати поевтина карта и без загадување.

-Гасификацијата е секако трајно решение и таа е близу Кавадарци, препорачувам надворешна гасификација со цевки однадвор покрај тротоари и објекти како поевтино нешто, но додека да дојде гасот, добро е населението да се топли со користење геотермални пумпи или инвертер клими. Да се даваат субвенции  за термоизолациски фасади, да се намалат даноци за градба  или да се укинат. Да се користат автомобили на струја и компримиран воздух од страна на тие што можат да си го дозволат тоа, да има рециклирање на отпадот со цел негова употреба за енергија, нагласува професорот.

Поврзани новости