ФОТО Скопската Зоолошка градина ќе добие Џурасик парк

by Fokus 13:39
13:39

Скопската Зоолошка градина ќе добие Џурасик парк, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, веќе се готви проект, па Зоолошката и Градот преговараат во Скопје да никне нова светска атракција Дино парк, кој ќе биде сместен токму во Зоолошката градина.

„Фокус“ се обрати до директорор Ѓорѓи Галетановски, кој ги потврди нашите информации.

„Да, точно е. Веќе преговаравме со градоначалникот Петре Шилегов да го донесеме овој парк во Скопје. Во европските и светските метрополи овие паркови се најатрактивните за сите деца, а и возрасни. Тоа е парк каде што околу 50 диносауруси во природни големини испуштаат крици и се движат. Во преговори сме за 3Д проект. Заинтересирани се неколку фирми да учествуваат во овој голем проект и се надеваме дека на пролет во Скопје ке има Џурасик парк – истакна Галетановски.

Поврзани новости