На сииноќешната средба во кабинетот на претседателот, Ѓорѓе Иванов, на која присуствувале лидерите на трите најголеми политички партии и претседателот на собранието, се разговарало за евроинтеграциските процеси. Собранискиот спикер, Талат Џафери, изјави денеска дека тема на разговорите било како да се продолжи со интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.
Како што рече тој на неформална средба со новинарите, се уште никој од присутните не изнел предлог за излез од оваа ситуација. Разговорите траеле помалку од три часа, а следната средба, како што кажа, можеби ќе ја свика тој, а можеби повторно претседателот Иванов. Разговорите, додаде Џафери, ќе продолжат во ист состав.
Џафери на 4 декември заминува во САД на безбедносна конференција и таму ќе биде до 10 декември.